2 Самоилова 17:1-29 MKDB2006 - Bible AI

1Тогаш му кажа Ахитофел на Авесалом: „Ќе одберам дванаесет илјади души и ќе станам, ќе одам да го гонам оваа ноќ Давид;

2ќе го нападнам, кога ќе биде измо­рен и со отпуштени раце, и ќе му влеам страв; и сите луѓе што се со него ќе се разбегаат; и јас ќе го убијам само царот;

3и сите луѓе ќе ги свртам назад кон тебе како што невеста се врти кон својот маж. Ти ја бараш душата само на еден човек, а сиот народ ќе биде сми­рен.“

4Му се допаднаа тие зборови на Аве­салом и на сите израелски старе­шини.

5И Авесалом рече: „Повикајте го Кушиј Аркиецот; да чуеме што ќе рече тој.“

6Дојде Кушиј при Авесалом, и Авесалом му рече, велејќи: „Еве што кажува Ахитофел; да постапам ли според зборовите негови? Ако, пак, не, кажи ти.“

7А Кушиј му рече на Авесалом: „Овој пат не е добар советот што го дал Ахитофел.

8Ти знаеш дека твојот татко и неговите луѓе се многу силни и раздразливи во нивните души, како меч­ка в поле, чии малечки се грабнати, и татко ти е маж воин; тој нема да ноќева со луѓето.

9Ете, тој сега се крие во некоја пештера или на друго место, и ако некој падне при првиот напад врз нив, и ако чујат и кажат: ‚разбиени се луѓето што тргнаа по Авесалом‘

10тогаш и најхрабриот, чие срце е како лавовско срце, ќе падне со духот, зашто на сиот Израел му е познато, колку е храбар татко ти, и колку се јунаци оние што се со него.

11Затоа јас советувам: нека се собере кај тебе сиот Израел, од Дан до Вирса­вија, во мноштво како песок крај морето, и ти самиот ќе тргнеш среде него;

12и тогаш ќе одиме против него, каде и да се наоѓа, и ќе го нападнеме, како што росата паѓа на земјата; и нема да му остане ни еден човек од сите оние што се со него;

13ако, пак, влезе во некој град, то­гаш сиот Израел ќе донесе во тој град јажи­ња, и ние ќе го завлечеме сѐ до реката, така што камче нема да остане таму.“

14Тогаш рече Авесалом и сиот Изра­ел: „Советот на Кушиј е подобар од Ахитофеловиот совет.“ Така Гос­под пресуди да се осуети „добриот“ Ахито­фелов совет за да навлече Господ зло врз Авесалом.

15И Кушиј им кажа на свеште­ниците, на Садок и на Авијатар: „Така и така Ахитофел го советува Авесалом и старешините израелски, јас, пак, посо­ветував вака и вака.

16И сега испратете гласници поскоро и кажете му на Давид така: да не оста­нува оваа ноќ на рамнината во пустината, и што поскоро да помине од онаа страна да не загине царот и сите луѓе што се со него.“

17Јонатан и Ахимаац чекаа кај Ен-Рогел. И отиде една слугинка, таа им раскажа, а тие отидоа и му јавија на царот Давид; зашто тие не можеа да се покажат во градот.

18Ги виде едно момче и му јави на Авесалом; но тие двајцата брзо заминаа и отидоа во Бахурим, во куќата на еден човек, во чиј двор имаше бунар; тие се спуштија во него.

19А жената зеде, та простре врз отворот на бунарот покривка и насипа одозгора прекрупа, така што ништо не се забележуваше.

20Дојдоа Авесаломовите слуги во куќата при жената и запрашаа: „Каде се Ахимаац и Јонатан?“ А жената им одговори: „Отидоа накај реката.“ Тие ги бараа и не ги најдоа, и се вратија во Ерусалим.

21Откако си заминаа, оние излегоа од бунарот, отидоа и му јавија на царот Давид, велејќи му: „Станувајте и што поскоро преминувајте преку водата, зашто Ахитофел даде таков и таков совет за вас.“

22Тогаш Давид стана и сите луѓе што беа со него, и го минаа Јордан; на разденување не остана ни еден што не го премина Јордан.

23Ахитофел, кога виде дека него­виот совет не го послушаа, го оседла магарето, се подготви, отиде во домот свој, во својот град, откако ги уреди домаш­ните, се обеси, умре, и го по­гребаа во татковиот му гроб.

24Давид стигна во Маханаим, а Аве­салом го премина Јордан, тој и сиот Из­раел со него.

25Наместо Јоав, Авесалом го поста­ви над војската Амаса. Амаса беше син на еден човек по име Јитра, од Јизреел, кој се ожени за Авигал, ќер­ка на Нахас, сестра на Саруја, Јоавова мајка.

26А Израел се смести во логорот со Авесалом во Галаадската земја.

27Кога Давид стигна во Маханаим, Нахасовиот син Шовиј од Рава Амон­ска, и Махир, Амиеловиот син, од Ло-Девар, и Галаадчанецот Верзе­лиј од Рогелим,

28донесоа десет постели, десет чи­нии и земјани садови, жито и јачмен, браш­но и булгур, грав и леќа и пе­чени зрна,

29мед и масло, овчо и кравјо си­рење, — донесоа храна на Давид и на луѓето што беа со него; зашто тие си рекоа: народот е гладен и уморен и жедува во пустината.

le>