1
2
3Давид ги одведе и луѓето што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон.
4
5И Давид испрати гласници до жителите на Јавеш Галаадски да им кажат: „Благословени да сте пред Господ, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саул, и што сте го погребале;
6и Господ нека ве награди со милост и верност; и јас ќе ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова.
7А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар.“
8
9и го постави за цар над Галаад, Ашур и Јизреел, над Ефрем и Венијамин и над сиот Израел.
10
11
12Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Ишбошет, од Маханаим во Гаваон.
13
14
15И станаа, та отидоа дванаесет Венијаминци од страната на Ишбошет, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги.
16И тие се фатија еден со друг за главите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Цурим, а се наоѓа во Гаваон.
17И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со израелските луѓе беше победен од Давидовите слуги.
18
19Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, без да скршне ни десно, ни лево од стапките на Авенир.
20Авенир се сврте назад и рече: „Ти ли си, Асаиле?“ Тој одговори: „Јас сум.“
21И Авенир му рече: „Скршни десно или лево, избери си еден од момците и земи го неговото оружје.“ Но Асаил не сакаше да го остави.
22
23Но оној не сакаше да отстапи. Тогаш Авенир го сврте копјето и го прободе во стомакот; копјето мина низ него, и тој падна таму и умре на местото. Сите што минуваа низ тоа место, каде што беше паднал и умрел Асаил, застануваа.
24Јоав и Авеса го гонеа Авенир. Сонцето веќе беше зајдено кога стигнаа до ридот Ама, спроти Гијах, на патот за Гаваонската пустина.
25А Венијаминовите синови се собраа околу Авенир и образуваа чета и застанаа на врвот од еден рид.
26И Авенир извика кон Јоав и рече: „Вечно ли меч ќе нѐ проголтува? Зарем не знаеш, крајот ќе биде горчлив? И кога ќе им кажеш на луѓето да престанат да ги гонат браќата свои?“
27А Јоав рече: „Се колнам во Бога! Ако ти не проговореше, луѓето без престанок ќе ги гонеа браќата свои сѐ до изутрината.“
28И Јоав затруби со труба и сиот народ застана, и повеќе не ги гонеа Израелците; битката престана.
29Авенир, пак, и луѓето негови врвеа преку полето целата ноќ, го преминаа Јордан, минаа преку целиот Битрон и стигнаа во Маханаим.
30Се врати и Јоав од гонењето на Авенир и го собра сиот народ, а од Давидовите слуги, освен Асаил, недостигаа деветнаесет души.
31А Давидовите слуги убија од Венијаминовите и Авенировите луѓе, триста и шеесет души.
32И го зедоа Асаил и го погребаа во Витлеем, во гробот на татко му. А Јоав со луѓето свои одеше цела ноќ и во зорите стигна во Хеврон.