1Во дните на Давид имаше по земјата три години глад, година по година. Давид Го праша Господа. И Господ рече: „Тоа е поради Саул и крвничкиот дом негов, поради тоа што ги убиваше Гаваонците.“
2
3И Давид им рече на Гаваонците: „Што да направам за вас и со што да ве задоволам за да го благословите наследството Господово?“
4Гаваонците му одговорија: „Не ни треба ни сребро, ни злато од Саул, ниту од неговиот дом, не ни треба да биде убиен некој од Израел.“ Тој праша: „А што сакате? Јас ќе направам.“
5Тие му одговорија на царот: „Од оној човек што нѐ погубуваше и сакаше да нѐ истреби, за да нѐ нема никаде во израелските предели, —
6
7
8
9И ги предаде во рацете на Гаваонците, и тие ги обесија среде бел ден на гората пред Господ. И загинаа сите тие седум души заедно; тие беа погубени во првите дни на жетвата, во почетокот на јачменовата жетва.
10
11И му соопштија на Давид што направила Рицпа, ќерката на Аја, Сауловата наложница.
12
13Тој ги пренесе оттаму коските на Саул и коските на синот негов Јонатан; и ги собра коските на обесените.
14
15И започна пак војна меѓу Филистејците и Израелците. И излезе Давид и слугите негови со него и војуваа со Филистејците; и Давид се умори.
16Тогаш Јишби-Бенов, еден од потомците на Харафа, чие копје тежеше триста шекели бакар и кој беше препашан со нов меч, сакаше да го убие Давид.
17
18
19Стана и друга битка во Гет; тогаш Елханан, синот на Јааре-Орегим витлеемецот, го уби Гетчанецот Голијат, на кого дршката на копјето му беше колку ткаечко кросно.
20Настана уште една војна во Гет; и таму имаше еден крупен човек, исто така од потомците на Харафа, со по шест прсти на рацете и на нозете, вкупно дваесет и четири.
21Тој ги навредуваше Израелците; но Јонатан, синот на Шима, Давидовиот брат, го уби.
22Тие четворицата беа од родот на Харафа во Гет, и паднаа од раката на Давид и на слугите негови.