2 Самоилова 4:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Сауловиот син Ишбошет, откако слушна дека Авенир умрел во Хеврон, му отпаднаа рацете, и целиот Израел се вознемири.

2Сауловиот син имаше двајца воени началници: едниот се викаше Баана, а другиот — Рихав, синови на Бееро­теецот Римон, од Венијаминовите потомци, бидејќи и Беерот се вбројуваше кон Венијамин.

3И Бееротејците избегаа во Гитаим и таму останаа да живеат како туѓинци до денес.

4Јонатан, Сауловиот син, имаше куц син. Синот беше на пет години, кога од Израел дојде известување за Саул и Јонатан, а доилката, го зела, и избегала. Бидејќи таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мемфи­востеј.

5И синовите на Бееротеецот Римон, Рихав и Баана тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куќата на Ишбошет, кој спиеше по­пладне во леглото свое.

6Тие влегоа во куќата, небаре да земат пченица, го прободоа во стомакот и избегаа.

7Кога тие влегоа во куќата, тој ле­жеше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела ноќ одеа по пустинскиот пат;

8му ја донесоа на Давид во Хеврон главата на Ишбошет и му рекоа на царот: „Еве ја главата на Ишбошет, синот на Саул, кој ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар на царот Саул, твојот непријател, и на потомството негово.“

9Давид му одговори на Рихав и на братот негов Баана, синови на Бееро­теецот Римон, и им рече: „Се колнам во Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост,

10дека ако тогаш, кој ми донесе известување, велејќи: ‚Ете, умреа Саул и Јонатан‘, и кој се мислеше за радосен известител, јас го фатив и го убив во Циклаг, наместо да му дадам награда,

11така и сега, кога никаквеци убија невин човек во куќата негова, во не­говото легло, зарем нема да ја побарам крвта негова од вашата рака и нема да ве истребам од земјата?“

12И Давид им заповеда на слугите, и тие ги убија, им ги пресекоа рацете и нозете нивни и ги обесија крај базенот за вода во Хеврон. А главата на Ишбошет ја зедоа и ја погребаа во гробот на Авенир во Хеврон.

e>