2 Самоилова 9:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1И рече Давид: „Ако останал уште некој од Сауловиот дом, јас би му направил милост заради Јонатан.“

2Во Сауловиот дом имаше еден слуга, по име Сива; го повикаа кај Давид, и царот го праша: „Ти ли си Сива?“ Тој одговори: „Јас сум твојот слуга.“

3И царот продолжи и рече: „Нема ли уште некој од Сауловиот дом? Би му направил милост Божја?“ А Сива му одговори на царот: „Има еден Јоната­нов син, кој е куц.“

4Царот го праша: „Каде е тој?“ Сива му одговори на царот: „Ете, тој е во куќата на Махир, Амиеловиот син, во Ло-Девар.“

5Тогаш цар Давид испрати луѓе, та го зедоа од куќата на Махир, Амиеловиот син, од Ло-Девар.

6И Мемфивостеј, синот на Јонатан, кој беше пак Саулов син, дојде кај Давид, падна ничкум и му се поклони на царот. И рече Давид: „Мемфи­востеј!“ Тој одговори: „Еве, твој слуга сум јас.“

7И Давид му рече: „Не плаши се; јас ќе ти направам милост заради татко ти Јонатан и ќе ти ги вратам сите ниви на дедо ти Саул, и ти секогаш ќе јадеш леб на мојата трпеза.“

8Се поклони Мемфивостеј и рече: „Кој сум јас, твојот слуга, та погледна милостиво на мене мртов пес?“

9А царот го повика Сива, Сауло­виот слуга, па му рече: „Сѐ што му припа­ѓаше на Саул и на целиот негов дом, му го давам на синот на твојот господар;

10обработувај ја, впрочем, за него земјата, ти, со твоите синови и твоите слуги и донесувај ги плодовите нејзини за да има синот на господарот твој леб за исхрана; а Мемфивостеј, синот на господарот твој, секогаш ќе јаде на мојата трпеза.“ Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги.

11Тогаш му рече Сива на царот: „Сѐ што му заповеда мојот господар на својот слуга, тој ќе го изврши.“ Мемфи­востеј јадеше на трпезата Давидова како еден од царските синови.

12Мемфивостеј имаше малолетен син по има Миха. Сите што живееја во ку­ќата на Сива, беа слуги на Мемфиво­стеј.

13А Мемфивостеј живееше во Еру­салим, бидејќи секогаш јадеше на цар­ската трпеза. Тој беше сакат во обете нозе свои.

e>