2 Тимотеј 2:1-26 MKDB2006 - Bible AI

1Чедо мое, зајакнувај во благодатта што ти е дадена од Христос Исус,

2ⓞи сѐ што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе кои се способни и други да научат.

3ⓟПа така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос.

4Зашто никој кој служи како војник не се вплетува во работите на секојднев­ниот живот, за да му угоди на својот војсководач.

5ⓠА, ако пак, некој се натпреварува, нема да добие венец доколку не се борел според правилата.

6ⓡЗемјоделецот што се труди прв тре­ба да вкуси од плодот.

7Размисли што ти зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!

8ⓢСпомнувај си Го Господ Исус Хрис­тос од Давидовото семе, Кој воскресна од мртвите, според моето Евангелие,

9ⓣпоради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.

10ⓤЗатоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава.

11ⓥВерни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.

12ⓦАко истраеме, со Него и ќе царува­ме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.

13ⓧАко не сме верни, Тој останува ве­рен, бидејќи Сам Себе не може да се одрече.

14ⓨОва напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, зашто препирките ништо не помагаат, а само им штетат на оние што слушаат.

15ⓩПогрижи се пред Бога да се до­ка­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.

16ⓐА од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност.

17ⓑИ словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит,

18ⓒкои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збиднало, и со тоа им попречуваат во верата на некои.

19ⓓНо Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“

20ⓔВо голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глине­ни; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.

21ⓕИ така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, прис­пособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.

22ⓖОдбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господ од чисто срце!

23ⓗГлупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги!

24ⓘА слугата Господов не треба да вле­гува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да поднесува зло,

25ⓙсо кротост да ги превоспитува про­тив­ниците за да би можел Бог да им да­де покајание, за да ја познаат вистината,

26ⓚи да се ослободат од мрежата на ѓа­волот кој ги уловил живи за да ја исполнуваат неговата волја.