2 Тимотеј 3:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Но ова знај го: во последните де­н­ови ќе настанат тешки времиња.

2Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници,

3непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,

4предавници, пребрзи, надуени, по­веќе сластољубиви отколку богољубиви,

5на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај!

6Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,

7жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината.

8Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.

9Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.

10Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста,

11на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Ико­ни­ја, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави.

12А и сите, што сакаат да живеат по­божно во Христос Исус ќе бидат го­не­ти.

13А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.

14Но ти остани во тоа што си го нау­чил и што ти е поверено, знаејќи од ко­го си го научил,

15бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус.

16Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност,

17за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.