1ⓨИ така, те заколнувам пред Бога и нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Тој и Неговото царство:
2ⓩпроповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, укорувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука.
3ⓐЗашто ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот;
4ⓑтие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки.
5Но ти во сѐ биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на благовестител, службата своја исполнувај ја добро!
6ⓒЗашто јас веќе се изливам како жртва леаница, а времето за моето заминување настапи.
7ⓓДобро се борев, патот го завршив, верата ја запазив.
8ⓔПонатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување.
9ⓕПогрижи се да дојдеш кај мене скоро!
10ⓖЗашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниот свет, и отиде во Солун; Крискент — во Галатија, Тит — во Далмација. Само Лука е со мене.
11ⓗЗеми го Марко и доведи го со себе, зашто ми е нужен во службата!
12ⓘА Тихик го пратив во Ефес.
13ⓙКога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.
14ⓚКовачот Александар ми направи големо зло. Ќе му врати Господ според делата негови!
15Од него пази се и ти, бидејќи тој необично многу се воспротиви на нашите зборови!
16ⓛПри мојата прва одбрана никого немаше кај мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!
17ⓜНо Господ беше со мене и ме закрепна, та преку мене да се утврди Благовестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на лавот.
18ⓝГоспод ќе ме избави од секакво лошо дело и ќе ме запази за Своето небесно царство. Нему слава во вечни векови. Амин!
19ⓞПоздрави ги Прискила и Акила, и Онисифоровиот дом.
20ⓟЕраст остана во Коринт. А Трофим го оставив болен во Милит.
21Побрзај да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Евул, Пуд, Лин, Клавдија и сите браќа.
22Господ Исус Христос нека е со твојот дух! Благодат на сите вас! Амин!