2 Царевите 16:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Ахаз, синот на јудејскиот цар Јотам, стана цар во седумнаесеттата година на Ремалиевиот син Факиј;

2Ахаз беше на дваесет години, кога стана цар; тој царуваше шеснаесет години во Ерусалим, и не го правеше она што беше правилно пред очите на Господ, својот Бог, како неговиот предок Давид,

3туку одеше по патот на израелските цареви, и дури синот свој преку оган го пренесе, следејќи ги одвратните дела на народите што Господ ги беше отстра­нил од пред лицето на Израеловите синови;

4принесуваше жртви и кадеше по идолските светилишта и по могилите и под секое сенчесто дрво.

5Тогаш царот на Арам Рецин и Ремалиевиот син Факиј, израелскиот цар, тргнаа против Ерусалим за да го освојат и го држеа Ахаз под опсада, но не можеа да победат.

6Во она време арамејскиот цар Рецин ѝ го врати на Арам Елат и ги истера Јудејците од Елат; и Едомците се насе­лија во Елат, каде што живеат и до денес.

7Ахаз испрати гласници до асир­скиот цар Тиглат-Пилесер да кажат: „Јас сум твој роб и твој син; дојди и заштити ме од раката на арамејскиот цар и од раката на израелскиот цар, кои се кренаа против мене.“

8Ахаз зеде сребро и злато, колку што се најде во домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и му го испрати како дар на асирскиот цар.

9Асирскиот цар го послуша: и оти­де асирскиот цар во Дамаск, го презеде и ги пресели жителите негови во Кир, а Рецин го уби.

10Царот Ахаз отиде да го пречека асирскиот цар Тиглат-Пилесер во Да­маск и го виде жртвеникот што беше во Дамаск, и му го испрати ца­рот Ахаз на свештеникот Урија ликот на жртвени­кот и план на целиот жртвеник.

11А свештеникот Урија изгради жртвеник според планот што царот Ахаз му го испрати од Дамаск; тоа го направи свештеникот Урија, пред да дојде од Дамаск царот Ахаз.

12Кога дојде царот од Дамаск, го виде жртвеникот, се доближи тој до жртве­никот и принесе на него жртва.

13Запали своја жртва сепаленица, принесе жртва приносница и жртва леа­ница и го пороси жртвеникот со крвта на неговата жртва за помирување.

14А бронзениот жртвеник што беше пред лицето Господово, го премести од предната страна на храмот, од местото меѓу новиот жртвеник и домот Гос­подов, и го постави отстра­на на тој жртвеник кон север.

15И му заповеда царот Ахаз на свеш­теникот Урија и рече: „На голе­миот жртвеник пали ги утринските сепаленици и вечерната жртва приносница, сепаленицата од царот и жртвата приносница од него, сепалениците од сите луѓе на земјата и жртвата приносница, и жртвата леаница од нив, и роси го жртвеникот со крвта на секоја сепаленица и со крвта на секоја жртва, а бронзениот жрт­веник да остане, додека јас да размислам.“

16Свештеникот Урија го изврши сето тоа, како што заповеда царот Ахаз.

17И ги извади царот Ахаз краиш­тата на подножјата, ги симна од нив мијалниците, го симна и бронзеното море од бронзените волови што беа под него и го постави на под од камен.

18И ја крена саботната стреа што беше вградена пред храмот и надво­решниот царски влез во домот Госпо­дов, заради асирскиот цар.

19Другите дела на Ахаз што тој ги извршил, опишани се во летописите на јудејските цареви.

20И почина Ахаз кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во Давидовиот град. На негово место се зацари неговиот син Езекија.

e>