1
2И ги испрати Елијаким, управникот на дворецот, писарот Севна и постарите свештеници, покриени со вреќишта, кај пророкот Исаија, синот на Амоц.
3
4
5Откако пратениците на царот Езекија му ја пренесоа пораката на царот на Исаија,
6тој им рече: „Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‚Не плаши се од зборовите што ги слушна, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘
7Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест, и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го поразам со меч во неговата земја.“
8Тогаш царскиот аѓутант слушна дека неговиот господар го напуштил Лакиш, па се врати и го најде како војува со Ливна.
9
10„Вака кажете му на јудејскиот цар Езекија: ‚нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејќи дека Ерусалим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘
11Зар не си чул што направија асирските цареви со сите земји, уништувајќи ги наполно, — та ти ли ќе се избавиш?
12Дали боговите ги спасија овие народи што ги сотреа моите предци? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Рецеф и луѓето на Еден, кој е во Таласар?
13Каде е царот на Хамат, и царот на Арпад, и царот на градот Сефарваим, на Хена и на Ива?“
14Тогаш Езекија го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, отиде во домот Господов, и го објави Езекија пред лицето Господово;
15
16Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сенахирим, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог!
17Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни,
18
19И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од рацете негови, и сите земни царства ќе познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог.“
20
21Еве го словото што Господ го изрече за него: Те презира, ти се потсмева девицата ќерка на Сион, зад твојот грб ќе ја заниша главата ќерката ерусалимска.
22Кого Го прекоруваше и навредуваше ти? И против Кого крена глас и толку високо ги крена очите? Против Светецот Израелов?
23
24ископав и пиев туѓа вода, и ги пресушив со стапалата на нозете свои сите египетски реки.‘
25Зар не си чул дека Јас одамна сум го направил тоа, во древни времиња сум го преднацртал, а сега го исполнив преку тоа што ти опустошуваш утврдени градови, претворајќи ги во купишта урнатини?
26И жителите нивни изнемоштеа, треперат и се срамуваат. Тие станаа како полска трева и кревка билка, како трева по покривите, препламната пред да узрее.
27
28Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па затоа ќе ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ќе те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол.
29И, еве ти знак: јадете го оваа година — самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови.
30И спасението во Јудиниот дом, пак ќе пушти корен одоздола и ќе даде плод озгора,
31
32Затоа вака говори Господ за асирскиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него.
33По истиот пат, по кој дошол, ќе се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ.
34Јас ќе го пазам тој град за да го запазам за Себе и за Мојот слуга Давид.“
35
36Тогаш царот на Асирија Сенахирим тргна, се врати во Ниневија и таму остана.
37И додека се поклонуваше во храмот на својот бог Нисрох, неговите синови Адрамелех и Шарецер го убија со меч и избегаа во земјата Арарат. На негово место се зацари неговиот син Есар-Хадон.