1Манасија беше на дванаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и пет години; мајка му се викаше Хефци-Вах.
2
3
4а изгради жртвеници и во домот Господов, за кого Господ беше рекол: „Во Ерусалим ќе го поставам името Свое.“
5
6
7Направи и статуа на божицата Ашера и ја постави во домот, за кој Господ му беше говорел на Давид и на синот негов Соломон: во овој дом и во Ерусалим што Јас го избрав меѓу сите израелски племиња, го ставам името Свое засекогаш:
8и во иднина нема да ја оставам ногата на Израел да излезе од земјата што сум им ја дал на предците нивни, ако тие се потрудат да постапуваат според сѐ она што сум заповедал, и според целиот закон што им го даде Мојот слуга Мојсеј.
9Но тие не послушаа; и Манасија ги разврати дотаму што тие постапуваа полошо и од оние народи, кои Господ ги беше истребил пред лицето на Израеловите синови.
10И говореше Господ преку Своите слуги — пророците, и рече:
11„Поради тоа што јудејскиот цар Манасија ги изврши тие лоши дела, полоши од сѐ она што го вршеа Аморејците, кои беа пред него, и го наведе Јуда во грев со своите идоли,
12
13и ќе го оптегнам над Ерусалим јажето мерник на Самарија и мерката на Ахавовиот дом, и ќе го избришам Ерусалим така, како што се брише сад, — го бришат и го затвораат;
14
15поради тоа што го правеа она што беше неугодно пред очите Мои и Ме разгневуваа од оној ден, во кој предците нивни излегоа од Египет, дури до денес.“
16А притоа Манасија пролеа премногу невина крв, та го наполни со неа Ерусалим докрај, освен својот грев со што го вовлече Јуда во грев да не прави угодни дела пред очите на Господ.
17Другото за Манасија и за сѐ што тој извршил, и за гревовите негови, со кои згрешил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
18И почина Манасија кај своите предци, и беше погребан во градината на неговиот дворец, во градината нарекувана Оза. На негово место се зацари неговиот син Амон.
19Амон беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим две години; мајка му се викаше Мешулемет, ќерка на Харуц, од Јодба.
20И тој го правеше, она што не беше угодно пред очите на Господ, така, како што го правеше тоа татко му Манасија;
21одеше токму по истиот пат, по кој одеше татко му; им служеше на идолите, на кои им служеше татко му, и им се поклонуваше.
22Тој Го остави Господ, Бог на неговите предци, и не одеше по патот Господов.
23Амоновите слуги се побунија против него и го убија царот во неговиот дом.
24Но народот на земјата ги уби сите заговорници против царот Амон; и народот на земјата го постави за цар на негово место синот негов Јошија.
25Другите дела на Амон што ги извршил тој, се опишани во летописите на јудејските цареви.
26И го погребаа во гробницата негова, во градината наречена Оза. На негово место се зацари син му Јошија.