1
2
3Потоа царот застана на високо место и пред лицето Господово се заветува дека ќе Го следи Господа и дека ќе ги чува заветите Негови, откровенијата Негови и наредбите Негови, од сѐ срце и душа и ќе ги исполнува зборовите на тој завет, напишани во таа книга, И сиот народ се заветува.
4
5
6И ја изнесе тогаш статуата на Ашера од домот Господов надвор од Ерусалим, кај потокот Кедрон, и ја изгоре таму, ја претвори во пепел и ја фрли пепелта нејзина во општонародните гробишта;
7и ги разурна блудничките домови што беа кај храмот Господов, каде што жени шиеја облека за Ашера;
8и ги изведе сите жреци од јудејските градови, ги оскверни идолските светилишта, по кои жреците вршеа кадења, од Гева до Вирсавија, и ги разурна светилиштата пред портите — оние кај влезот кон портите на Исус градоначалникот, и оние одлево кај градските порти.
9Жреците на идолските светилишта, меѓутоа, не принесуваа жртви врз жртвеникот Господов во Ерусалим, туку јадеа бесквасни лебови заедно со браќата свои.
10
11и ги урна коњите што јудејските цареви ги ставаа во чест на сонцето пред влезот во домот Господов, близу до собите на дворјанинот Нетан-Мелех, во додатната зграда, а колесниците на сонцето ги изгоре со оган.
12
13
14и ги искрши спомениците од камен, и ги исече столбовите на Ашера, и го наполни местото нивно со човечки коски.
15
16Јошија погледна и ги виде гробиштата што беа таму на гората, па испрати и ги зеде коските од гробовите, ги изгоре врз жртвеникот и го оскверни, според словото Господово што го навести човекот Божји, кој ги беше претскажал тие настани,
17и Јошија праша: „Каков е тој споменик што го гледам?“ Му одговорија градските жители: „Тоа е гробот на Божјиот човек, кој дојде од Јудеја и го навести ова што ти го правиш сега над ветилскиот жртвеник.“
18Тогаш тој рече: „Оставете го на мира, никој да не ги обеспокојува коските негови.“ И ги зачува коските негови заедно со коските на пророкот што беше дошол од Самарија.
19И сите идолски светилишта во самарјанските градови, што израелските цареви ги беа изградиле, разгневувајќи Го Господа, Јошија ги разруши и направи со нив исто, како што направи во Ветил;
20ги закла сите жреци кај светилиштата што беа таму, кај жртвениците, и изгоре врз нив човечки коски, па се врати во Ерусалим.
21
22Зашто таква Пасха не беше празнувана од дните на судиите, кои му судеа на Израел, и во сите дни на израелските цареви, и на јудејските цареви;
23а таа Пасха на Господ беше празнувана во Ерусалим во осумнаесеттата година на царот Јошија.
24
25Сличен на него немало цар пред него, кој се свртел кон Господ со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сите свои сили, според целиот закон Мојсеев; и по него не се издигна сличен на него.
26Но Господ не ја одложи големата јарост на гневот Свој, со која гневот Негов Му се разгори против Јуда за сите навреди, со кои Манасија Го беше разгневил.
27И Господ рече: „И Јуда ќе го отфрлам од лицето Свое, како што го отфрлив Израел, и ќе го отфрлам тој град Ерусалим што го избрав, и домот, за кој бев рекол: ‚Таму ќе биде името Мое.‘“
28Другите работи за Јошија и за сѐ што беше извршил тој, е опишано во летописите на јудејските цареви.
29Во неговите дни египетскиот цар, фараонот Нехо, тргна против асирскиот цар кон реката Еуфрат. Царот Јошија му излезе во пресрет, а оној, штом го виде, го уби во Мегидо.
30
31Јоахаз беше на дваесет и три години, кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Хамутал, ќерка на Еремија, од Ливна.
32Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ онака, како што правеа татковците негови.
33Фараонот Нехо го задржа во Ривла, во земјата Хамат за да не царува во Ерусалим, и наложи данок на земјата сто кикари сребро и еден кикар злато.
34
35Јоаким му даваше на фараонот сребро и злато; тој ја оцени земјата за да го внесува среброто по заповед на фараонот; тој бараше од секого од народот на земјата, според оценката негова, сребро и злато за да му дава на фараонот Нехо.
36
37И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ во сѐ онака, како што го правеа предците негови.