1
2И градот стоеше во опсада до единаесеттата година од владеењето на царот Седекија.
3На деветтиот ден од четвртиот месец гладот се засили во градот, и народот немаше леб.
4Градот беше преземен, и сите воени лица избегаа ноќе по патот кон портите, меѓу двата ѕида што се до царската градина; а Халдејците стоеја околу градот, и царот отиде по патот кон рамнината.
5Халдејската војска се спушти по царот и го стигна во Ерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него.
6Тогаш го фатија царот, го одведоа кај вавилонскиот цар во Ривла и извршија над него суд;
7
8
9
10и ѕидовите околу Ерусалим беа урнати од халдејската војска што беше со заповедникот на телохранителите.
11
12Само малкумина од сиромасите на оваа земја заповедникот на телохранителите ги остави за работници во лозјата и за земјоделци.
13И бронзените столбови во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море во домот Господов Халдејците го испокршија и ја однесоа бронзата нивна во Вавилон;
14и котлите, и лопатките, и штипките, и лажиците, и сите бакарни садови што се употребуваа во службата, ги кренаа;
15и кадилниците, и садовите, — сѐ што имаше златно, и сѐ што имаше сребрено, го зеде заповедникот на телохранителите;
16столбови два, море едно, и подножјата што Соломон ги беше направил во домот Господов, — бронзата во сите тие работи немаше мерка.
17Едниот столб беше висок осумнаесет лакти, главата му беше од бронза, а висината на главата — три лакти, и мрежата на наровите околу главата — сето тоа беше од бронза. Тоа исто го имаше и другиот столб со мрежата.
18Заповедникот на телохранителите го зеде првосвештеникот Сераја, заменикот-првосвештеник Софонија и тројца свештеници-вратари.
19Од градот тој зеде еден дворски човек, кој беше заповедник на воените лица, и петте души што стоеја пред царското лице и се наоѓаа во градот, и главниот писар на војската што го запишуваше во војската народот на земјата, и шеесет души од народот на земјата, кои се наоѓаа во градот.
20Ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе кај вавилонскиот цар во Ривла.
21И вавилонскиот цар ги порази и ги погуби во Ривла, во земјата Хамат. И Јудејците беа иселени од земјата своја.
22А над народот, оставен во јудејската земја, вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за управник Годолија, синот на Ахикам, Сафанов син.
23
24
25
26Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војсководците, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Халдејците.
27
28говореше со него пријателски и го постави престолот негов погоре од престолот на царевите што беа пред него во Вавилон;
29и му ја смени затворската облека негова; и секогаш Јехониј јадеше со него, во сите дни на животот свој.
30За постојана издршка, му се даваше на царот, секој ден, во сите дни на неговиот живот.