1
2Еднаш Арамејците излегоа во чети и запленија од израелската земја едно мало девојче, и тоа ѝ служеше на Наамановата жена.
3Таа ѝ рече на господарката своја: „О, да отидеше мојот господар кај пророкот, кој е во Самарија, тој ќе ја симнеше од него лепрата.“
4Тогаш Нааман отиде и му го кажа тоа на господарот свој, велејќи: „Така и така вели девојчето што е од израелската земја.“
5И арамејскиот цар му рече на Нааман: „Стани, оди, јас пак, ќе испратам писмо до израелскиот цар.“ Тој отиде, земајќи со себе десет кикари сребро, шест илјади шекели злато и десет промени облека;
6и му го однесе на израелскиот цар писмото, во кое се велеше: „Заедно со ова писмо, ете, го испраќам кај тебе Нааман, мојот слуга, да ја симнеш од него лепрата негова.“
7
8Кога Божјиот човек Елисеј слушна дека израелскиот цар ја раскинал облеката своја, испрати да му речат на царот: „Зошто ја раскина облеката своја? Нека дојде кај мене и нека познае дека има пророк во Израел.“
9И дојде Нааман со коњите свои и со колите свои и застана пред влезот на Елисеевиот дом.
10Тогаш Елисеј го испрати кај него слугата свој да му каже: „Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ќе се обнови, и ќе бидеш чист.“
11Се разгневи Нааман и си тргна, велејќи: „Ете, јас мислев дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господ, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата;
12зарем дамаските реки Авана и Парпар не се подобри од сите израелски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?“ Па се сврте и си отиде налутен.
13Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејќи: „Татко, да ти кажеше пророкот да направиш нешто потешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист!“
14Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божјиот човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти.
15
16Елисеј одговори: „Се колнам во живиот Господ, пред чие лице стојам! Нема да го примам.“ Оној го принудуваше да земе, но тој не се согласи.
17
18само, еве што да му прости Господ на слугата твој: кога мојот господар оди во храмот на Римон за да се поклони таму и се потпре врз раката моја, и јас се поклонам во домот на Римон, тогаш Господ да му прости на слугата твој за поклонувањето мое во домот на Римон.“
19А тој му рече: „Оди си со мир!“ И тој отиде од него и прилично се оддалечи.
20Тогаш Гиезиј, слугата на Божјиот човек Елисеј рече: „Ете, мојот господар не сакаше да го земе од раката на тој Арамеец Нааман, она што го беше донел. Се колнам во Господ! Ќе потрчам по него и ќе земам нешто од него.“
21И потрча Гиезиј по Нааман. Нааман виде дека некој трча по него, слезе од колата да го пресретне и рече: „Дали си со мир?“
22Тој одговори: „Со мир сум; мојот господар ме испрати да кажам: ете, сега дојдоа кај мене од Ефремовата Гора две момчиња од пророчките синови; дај ми еден кикар сребро и две промени облека.“
23И Нааман рече: „Земи, ако сакаш, два кикара.“ И многу го молеше. Тогаш тој заврза два кикара сребро во две торби и две промени облека и им ги даде на двајцата слуги свои, та ги понесоа пред него.
24Кога тој дојде до брегот, ги зеде од рацете нивни и ги сокри во домот свој. И ги отпушти луѓето, и тие си отидоа.
25
26Тој му рече: „Зарем срцето мое не те придружуваше, кога оној човек се врати од колата своја да те пресретне? Време ли е да се земе сребро и да се зема облека, или маслинови дрвја и лозја, ситен или крупен добиток, слуги или слугинки?
27