1
2Стана таа жена, и постапи според зборот на Божјиот човек: отиде таа и нејзиното семејство, и живееше во филистејската земја седум години.
3Откако изминаа седум години, се врати таа жена од филистејската земја и дојде да го моли царот за куќата своја и нивата своја.
4
5А во тоа време, кога тој му раскажуваше на царот дека Елисеј оживеал еден умрен, — жената, чиј син беше оживеан, го молеше царот за куќата своја, и нивата своја. Тогаш Гиезиј рече: „Господаре мој, царе, таа е истата жена и овој е истиот син нејзин, кого Елисеј го оживеа.“
6Царот ја праша жената, и таа му раскажа. И ѝ даде царот еден дворјанин и рече: „Да ѝ се врати сѐ што е нејзино и сите приходи од нивата, од оној ден, кога ја напуштила земјата, досега.“
7И дојде Елисеј во Дамаск, кога арамејскиот цар Венадад беше болен. Му јавија на Венадад и рекоа: „Тука дојде Божјиот човек.“
8
9Азаил отиде да го пречека и зеде дар и сѐ што е најдобро во Дамаск, колку што можат да носат четириесет камили, па отиде и застана пред лицето негово и му рече: „Твојот покорен слуга Венадад, арамејскиот цар, ме испрати кај тебе да прашам: ‚ќе оздравам ли од оваа болест?‘“
10Елисеј му одговори: „Оди и кажи му: ќе оздравиш. Меѓутоа, Господ му јави дека тој ќе умре.“
11И Елисеј го задржа својот поглед, и упорно гледаше во него, додека оној не се збуни. И тогаш Божјиот човек заплака.
12
13
14Тој си отиде од Елисеј и дојде кај господарот свој. И тој го праша: „Што ти зборуваше Елисеј?“ Тој одговори: „Ми кажа дека ќе оздравиш.“
15На другиот ден, меѓутоа, Азаил ја зеде покривката, ја натопи во вода и ја стави врз лицето негово, и царот умре. И на негово место стана цар Азаил.
16По јудејскиот цар Јосафат, стана цар Јорам, синот на Јосафат, во петтата година од царувањето на Ахавовиот син Јорам, царот израелски.
17Тој беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше осум години во Ерусалим;
18
19
20
21
22Сепак, се спаси Едом од раката на Јуда до ден денес. Во исто време дигна бунт и Ливна.
23Другото за Јорам и сѐ што извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
24И почина Јорам кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во Давидовиот град. А место него стана цар неговиот син Охозија.
25Охозија, синот на јудејскиот цар Јорам, стана цар во дванаесеттата година од владеењето на Ахавовиот син Јорам, израелскиот цар.
26Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше една година во Ерусалим. А мајка му се викаше Готолија, ќерка на израелскиот цар Амвриј.
27Тој одеше по патот на Ахавовиот дом и го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, онака, како и Ахавовиот дом, зашто беше во роднинство со Ахавовиот дом.
28Тој отиде со Ахавовиот син Јорам во војна против арамејскиот цар Азаил во Рамот Галаадски, и Арамејците го ранија Јорам.
29И царот Јорам се врати да се лекува во Јизреел од раните што му ги нанесоа Арамејците во Рамот, кога војуваше против арамејскиот цар Азаил. И Охозија, синот на Јорам, јудејски цар, дојде да го посети Ахавовиот син Јорам во Јизреел, бидејќи беше болен.