3 Јован 1:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1Свештеникот — до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.

2Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.

3Многу се зарадував кога дојдоа бра­ќата и посведочија за твојата вистина — односно како ти одиш во вистината.

4За мене нема поголема радост од тоа — да слушнам дека моите чеда одат во вистината.

5Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.

6Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што тре­ба.

7Бидејќи поради Неговото име трг­наа, не земајќи ништо од незнабошците.

8Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.

9Јас напишав неколку збора до Цр­к­вата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.

10Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е до­волно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црк­вата.

11Возљубени, не угледувајте се на злото, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бога.

12За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.

13Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,

14туку се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в ли­це.

15Мир за тебе! Те поздравуваат прија­телите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>